Со државна помош десет компании ќе воведат ХАЛАЛ стандард

Bez autora
Dec 29 2013

Единаесет македонски компании го имаат имплементирано стандардот ХАЛАЛ, четири се во процедура на воведување, а уште десет добиваат можност тоа да го сторат нареднава година со средства кои ќе им ги додели Министерството за економија. Според министерот за економија, Ваљон Сараќини, за таа цел се предвидени 3,1 милиони денари (околу 50 илјади евра). Сметаме дека овие средства се доволни за целосно покривање на трошоците на десет компании што ќе се пријават на јавниот оглас на Министерството за економија за воведување ХАЛАЛ стандарди, и тоа почнувајќи од 27 јануари да ја соберат потребната документација и да добијат средства доволни за покривање на сите трошоци за имплементирање на стандардот, истакна Сараќини, кој потсети дека и за годинава имало предвидено финансиски средства за покривање трошоци за консултантски услуги за воведување на стандардот ХАЛАЛ и дека имало добар интерес кај компаниите.

Со државна помош десет компании ќе воведат ХАЛАЛ стандардЕдинаесет македонски компании го имаат имплементирано стандардот ХАЛАЛ, четири се во процедура на воведување, а уште десет добиваат можност тоа да го сторат нареднава година со средства кои ќе им ги додели Министерството за економија. Според министерот за економија, Ваљон Сараќини, за таа цел се предвидени 3,1 милиони денари (околу 50 илјади евра).

- Сметаме дека овие средства се доволни за целосно покривање на трошоците на десет компании што ќе се пријават на јавниот оглас на Министерството за економија за воведување ХАЛАЛ стандарди, и тоа почнувајќи од 27 јануари да ја соберат потребната документација и да добијат средства доволни за покривање на сите трошоци за имплементирање на стандардот - истакна Сараќини, кој потсети дека и за годинава имало предвидено финансиски средства за покривање трошоци за консултантски услуги за воведување на стандардот ХАЛАЛ и дека имало добар интерес кај компаниите.

Компанијата "Алкалоид" го воведе стандардот ХАЛАЛ минатата година во делот на програмата "Билкарство".

- Тоа претставува додадена вредност за компанијата, зашто ни овозможува да бидеме присутни на пазари на кои претходно не сме биле. Годинава отворивме наша компанија во Истанбул. Идејата ни е преку неа да се позиционираме на арапските пазари. Сертификатот ХАЛАЛ ни е ооеебно добродојден, зашто со него ќе бидеме поконкурентни - рече генералниот директор на "Алкалоид", Живко Мукаетов и додаде дека стандардот ХАЛАЛ претставува и додатен мотив за консумација и на пазарите во ЕУ и САД.

Во "Макпрогрес Виница" стандардот ХАЛАЛ е воведен во 2010 година.

- Тоа првично го направивме за да бидеме поконкурентни и нашите производи да стекнат поголема доверба кај потрошувачите во арапските земји и во земјите од МАГРЕБ. Ние и претходно имавме извоз во овие земји, но по воведувањето на стандардот извозот двојно ни се зголеми и од првичните половина милион долари порасна на еден милон долари годишно - рече извршниот директор на Макпрогрес Виница", Глигор Цветанов, кој истакна дека извезуваат во 15-ина земји во тој регион, а најмногу во Алжир, Либија, Јемен, Јордан, Саудиска Арабија, Израел, Палестина и во Азербејџан.

Светскиот пазар на ХАЛАЛ производи се проценува на 650 милијарди долари годишно, а европскиот ХАЛАЛ пазар на околу 66 милијарди евра. Во земјите од Западна Европа две третини од консументите на ХАЛАЛ производи не се муслимани, но за нив овој стандард е синоним за здрава храна.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik